Македонија
24. March 2018 - 16:38

Регионална депонија ќе се гради во село Годивје, Дебарца и покрај протестите на жителите

Во атарот на селото Годивје ќе се гради регионална депонија .И покрај тоа што жителите на Дебарца во повеќе наврати протестираа и на референдум се изјаснија дека дека се против изградба на депонија во најголемото сливно подрачје на Охридското езеро кое е под заштита на УНЕСКО сепак од министерството за животна средина велат дека согласно спроведените истражувања и изработени студии избранo е најдобрoто  решение за проблемот со отпадот .

Согласно законот за управување со отпад , доколку една општина од 9те во овој регион е против сепак ќе се гради депонија на предвидената локација со оглед на тоа што ингеренциите за управување ги превзеде централната власт.

Надлежните уверуваат дека современото  одлагалиште на отпад ќе се гради по сите стандарди и истото би чинело околу 50 милиони евра.

Југозападниот плански регион ќе мора да реши дали за финансирање на депонијата ќе чека на евентуални средства од третиот пакет на ИПА преку моделот на јавно приватно партнерство односно барање заинтересиран инвеститор или пак регионот сам ќе ја финансира изградбата на депонијата.