Македонија
18. October 2019 - 22:03

Различни одговори на Исмет Гури обвинет во Титаник 3

Контрадикторна одбрана понуди Исмет Гури кој е обвинет за уништување изборен материјал во 2013-та. Првин рече дека на денот на гласањето, просториите на изборната комисија во Чаир ги напуштил околу полноќ, а потоа изјави дека забележал нервозни претставници на избирачки одбори кои во раните утрински часови чекале да го раздолжат избирачкиот материјал.

За уништување изборен материјал во предметот Титаник 3, одговара и Ејуп Аљими кој е сега пратеник од ДУИ. Заедно со Гури се обвинети дека за време на локалните избори во 2013-та, преправиле 30-тина записници од исто толку избирачки места додавајќи и одземјаќи гласови. Својата верзија за случајот, Аљими пред судот ќе ја презентира идниот месец. На рочиштето се очекува свој исказ да има и сведок кој живее во Германија, а изјавата ќе ја дава преку видео врска.