Бизнис
9. јуни 2017 - 19:51

Раздвижување на берзата

Раздвижување на берзанскиот промет по завршување на политичката криза.  Инвеститорите бараат стабилност, а не неизвесност. Затоа сега, полека  довербата повторно се враќа, велат брокерите.   Втор фактор кој влијае за раздвижување на берзата  е објавувањето на финансиските извештаи на компаниите за  првиот квартал годинава

Најактракивни за тргување се акциите за компаниите кои  исплаќаат дивиденда. Годинава  тоа се хартиите од вредност на водечките банки, но и на фирмите од фармацевската индустрија. Најприсутни на пазарот и натаму  се домашните инвеститори

Брокерите  очекуваа благиот тренд на пораст на  берзанскиот промет да продолжи, затоа што заработката е поголема ако вишкот пари се вложи на беррза, отколку да се чува во банка.