24.04.2014 - 20:14 |
Последна промена пред 7 мин 31 сек

Languages

Расте свеста за вложување за заштита при работа

Се намалува бројот на повреди на работно место. Големите и средни компании се трудат што повеќе да инвестираат во безбедноста на своите работници. Проблем се помалите фирми.

Од здружението за заштита при работа велат дека средствата вложени за безбедност на работниците не се фрлени пари и фирмите не смеат да си дозволат да штета за тоа. 

Рударите, градежните работници и оние во металната индустрија се најзагрозени, поради лошите услови за работа.

Минатата година се регистрирани 12 смртни случаи на работници. Најголем дел биле дел биле градежни работници. Законот за заштита при работа е донесен уште во 2007 година. За безбедноста на работниците ќе се дебатира викендов во Охрид каде ќе присуствуваат експерти и стручни лица од земјава и од странство.

Ирена Чачкова

Бизнис