Loading Video...
Кошарка
18. October 2019 - 19:48

Ракометарите и кошаркарите од вторите лиги најавуваат бојкот

Македонскиот спорт, особено ракометот и кошарката во пониските лиги е во финансиски колапс  тврдат претставниците на Првата ракометна и Втората кошаркарска лига кои на заедничка прес конференција побараа да престанат политичките игри околу спортскиот ваучер и да се почне со исплата на ветените средства во спротивно се подготвени на бојкот на првенствата во сите категории.  

На заедничката прес конференција говореа претставникот на ракометните клубови Дарко Петровски и Благоја Кечовски претседател на Здружението на прволигашите. Тие побараа од АМС најдоцна до следната седмица да им се доделат ветените ваучери во спротивно нема да се игра ниту ракомет ниту кошарка.

Како што стојат работите ракометарите со бојкот ќе започнат веднаш по одигрувањето на првиот круг додека второлигашите од кошаркарското првенство воопшто нема да го стартуваат првенството

Ќе добијат ли овие екипи поддршка од суперлигашите во кошаркарската и ракометната лига останува да видиме. Едно е јасно ќе помине уште многу време дури да се изгради валиден систем на финансирање на македонскиот спорт во кој уддел нема да има политиката.