Македонија
17. February 2018 - 16:11

Радев очекува датум за преговори за време на бугарското претседателство

Македонија и Бугарија имаат многу заедничка работа за да ја подобрат бизнис соработката. Инфраструктурата, борбата против корупцијата, споделувањето на искуството и поголема размена се некои од областите на кои земјите и нивните бизнис заедници треба да се насочат. Ова го  порачаа претседателите на двете земји, на средбата со бизнисмените во СКМ. Договорот за добресоседство треба да ја заживее економската соработка, и веќе има ефекти врз подобрување на трговската размена помеѓу двете земји. Бугарскиот претседател порача дека е многу важно Македонија што побрзо да стане членка на НАТО за да се зголеми бројот на странски инвеститори кои пред се бараат бебзедност.

Претседателот Иванов посочи дека македонските компании треба да учат од бугарските, особено во ИТ областа. Од друга страна бизнисот треба да се насочи кон дефицитарните дејности и да инвестира во храна вода и енергија. Многу држави се соочуваат со недостиг од овие ресурси, а компаниите треба да знаат да ги искористат можностите.

Бизнисмените побараа двајцата претседатели да лобираат кај Владите за да се убразаат  процесите на инфраструктурно поврзување. За да се подобри економската соработка мора да помогнат државите, приватниот сектор и општините.

Според статистика лани размената со Бугарија изнесувала 665 милиони американски долари, за разлика од претходните години кога износот е двојно помал. Бугарија е шести трговски партнер на земјава.