Фудбал
27. August 2015 - 15:34

Работнички пред портите на фудбалскиот рај!

Фудбалерите на Работнички се пред голем предизвик во Европа купот , гостуваат во Русија каде ќе се обидат да постигнат гол повеќе од домашниот Рубин Казан кој оствари поволен резултат 1-1 во Скопје. 

Романтичарите на овој дуел ќе настапат многу покомплетни бидејќи се вратија капитенот Илијоски и Сахити. Единствено Митров не е во комбинација. 
Првиот стратег на “романтичарите “  Игор Ангеловски верува во својот тим кој веќе 2,5 години игра препознатлива игра. 
„ Ги знаме нашите можности но и квалитетот на противникот. Мислам дека сме подготвени да го дадеме максимумот а тоа може да не донесе до целта а тоа е да постигнеме гол повеќе од противникот“- изјави Ангеловски пред стартот на натпреварот во 18часот.