Путин даде висока оценка на досегашните резултати од операцијата во Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска даде висока оценка на досегашните резултати од руската воена операција во Сирија, нагласувајќи на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгѕ дека конфликтите како сирискиот треба да бидат решени по политички пат.
- За сумирање на резултатите се уште е рано, но тоа што е направено, заслужува висока оценка, изјави Путин, пренесува ТАСС.
Врховниот командант на Вооружените сили на Русија изјави дека во руската операција во Сирија се вклучени бродови на Касписката флота, што успешно погодиле цели во Сирија.
- Тоа што пукавме од Касписко Море на растојание од околу 1.500 километри со оружје со висока прецизност и ги погодивме сите поставени цели, зборува за добрата подготовка и компаниите од воената индустрија, како и добрата подготовка на кадрите, истакна Путин.
Рускиот претседател на средбата со Шојгу ја потврди задачата на руската војска да ги синхронизира дејствијата со сириската армија. - Очекувам дека понатамошната работа, како што се договоривме, биде синхронизирана со дејствијата на сириската војска на копно и дека дејствијата на нашите Воено воздушни сили ефикасно ја поддржуваат офанзивата на операцијата на сириската армија, изјави Путин.
Путин, исто така, нагласи дека францускиот претседател Франсоа Оланд изнел предлог во борбата против ИД да се здружат напорите на војската на претседателот Башар ал Асад и Слободната сириска армија.
Рускиот претседател, меѓу другото истакна дека странските партнери во Сирија можат на руската војска да достават цели кои сметаат дека имаат врска со терористички групи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација