Спорт плус
21. March 2018 - 11:49

Први средби од полуфиналето на одбојкарскиот Куп на Македонија

 
 
Со дуелите во женска конкуренција кои ќе се играат денеска ќе започне полуфиналната рунда на одбојкарскиот Куп на Македонија. 
 
Во серијата подобар од два натпревари, првите средби ќе се играат во Тетово и Куманово. 
 
Екипата на Универзитет Тетово го пречекува составот на Наковски Волеј во меч кој ќе започне од 18 часот, додека два часа подоцна (20 часот) во Куманово гостува составот на Јанта Волеј. 
 
 
Утре пак мажите ќе ги играат првите полуфинални мечеви во кои бранителот на трофејот Струмица е домаќин на Вардар, а екипата на Весна Пробиштип го поречкува составот на  УГД Студент . 
 
Реванш дуелите ќе се играат на 28 март