Кошарка
29. November 2015 - 7:22

Прва лига: Победи за Карпош Соколи и Куманово

На двата први натпревара одиграни синоќа од 8.коло од Првата кошаркарска лига победи постигнаа екипите на Карпош Соколи и на Куманово. 

Карпош Соколи го победи дебитантот во лигата Бест во Гевгелија со 96:78, додека Куманово беше подобар од Фени Индустри со 85:76. 
Утре (понеделник) се игра дуелот во „Градски парк“ Работнички - Кожув. Струмица и МЗТ Скопје својот натпревар од оваа рунда ќе го играат на 15 или 16.декември, додека поради обврските во БИБЛ лигата порано на 3.декември ќе се одигра натпреварот Кожув - МЗТ Скопје Аеродром.
 
Табела: Карпош Соколи 7-1 (победи-порази), МЗТ Скопје 6-1, Кожув 4-3, Фени Индустри 4-4, Куманово 4-4, Работнички 3-4, Струмица 2-5, Бест 0-8.