Џет-Сет
23. March 2018 - 15:09

Прв бакнеж на мајката и ќерката во родилната сала: Позната пејачка сподели слика од Ема во моментот кога дојде на свет

Пејачката Миа Борисављевиќ се породи и на свет го донесе девојчето Ема, а сите ги изненади со фотографија од родилната сала.

Миа напиша дека сакала да покаже како изгледа првата средба на мајката со бебето.

„Знам дека сликата е прилично необична, но сакав да видите како изгледа првиот контакт на мајката и бебето во родилната сала. Колку на оваа слика има емоции, љубов, страв, среќа, адреналин, се она што не може да се опише со зборови. И благодарам на мојата докторка која ми ги напраив овие фотографии“, напиша Миа, покрај фотографијата која за неколку часа собра над 17.000 лајкови.