Loading Video...
Фудбал
9. October 2019 - 19:51

Против Словенија ни е потребна поддршка од вистинските фанови

Полни трибини, верни фанови и добра атмосфера, тоа е предусловот за добар натпревари и победа на македонската фудбалска репрезентација на утрешниот квалификациски дуел со Словенија – порача капитенот Горан Пандев на денешната прес конференција.

                За разлика од капитенот  селекторот Игор Ангеловски  е фокусиран единствено на тимот и формулата како да се победи незгодниот противник, победа која ќе не искачи на одлична позиција пред гостувањето во Полска.

                 Традицијата вели дека нашата репрезентација е многу поуспешна од Словенија во меѓусебните дуели. Стартувавме со победа во Крањ  од 4-1 во историското деби на Македонија во меѓународниот фудбал. Потоа ги победивме уште во две пријателски средби  и доживеавме еден пораз.  Во единствениот официјален дуел одигравме нерешено на гостински терен што ветува вистинско балканско дерби утревечер во 20.45ч на Арената Тоше Проески.