Македонија
18. March 2018 - 16:22

Протест против двојазичноста - апел Иванов да не го потпишува указот за законот

Во организација на Семакедонскиот национален совет – Македониум, стотици македонски граѓани денеска протестираа против изгласувањето на Законот за јазиците. Протестот се одржа пред владата, а организаторите испратија пораки со поддршка до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не го потпишува указот, кој би резултирал со воведување на двојазичност на целата територија на Македонија.

По завршување на протестот, насобраните граѓани се упатија кон Собранието.

Освен во Скопје, протести поради носењето на Законот за јазиците денеска беа организирани и во Битола.

Продложија протестите и пред домовите на пратениците од СДСМ. Со македонски знамиња и со пароли на кои пишуваше “Предавник”, десетици граѓани синоќа протестираа пред домот на пратеникот на СДСМ Диме Велковски.

Вакви протести изминатите денови беа организирани и пред домовите на неколку други пратеници од СДСМ, а на пратеничката Славица Шуманска-Митева од Виница и беше опожарен автомобилот.

Протест против начинот на изгласувањето на Законот за употреба на јзиците организираа и Македонците кои живеат во Канада.

Претходно, протести против последните одлуки на парламентарното мнозинство беа организирани и од македонските иселеници во Австралија, САД и неколку европски земји.