Свет
4. July 2016 - 9:00

Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Русија

Спасувачите ги открија телата на сите деветмина членови на екипажот на авионот на руското Министерство за вонредни ситуации, кој се урна во Иркутската област, соопштија властите, јави ТАСС.

Началникот на Сибирскиот регионален центар на Министерството, Сергеј Диденко изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на уште двајца членови на екипажот.

Претходно беа пронајдени телата на осум од десетмината, кои патувале во авионот. 

Леталото „Ил-76“ се урна на 1 јули при гаснење на шумски пожар. Црните кутии се испратени на анализа во Москва.