Македонија
7. October 2015 - 16:42

Промовирана првата Православна енциклопедија во светот - МПЦ ќе најде свое место во следниот том од вкупно 60

Православаната енциклопедија во издание на руската православна црква ќе ја прикаже вистината за црквата во Македонија ,нејзините корени и животот во овие 20 христијански векови истакна поглаварот на МПЦ г.г.Стефан на презентацијата на најголемото енциклопедиско издание за православието. Ова капитално дело издадено во 38 тома се планира да ја надмине бројката од 60 тома .

Православната енциклопедија е една од најголемите научни  дела од последните 50 години не само за православните туку за сите земји .

Одговорен во делот на енциклопедијата за Македонија е ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј Велимир Стојсковски а ќе се бидат вклучени и сите оние кои имаат научни публикации ,истражувања и кои се занимаваат со оваа проблематика.