Македонија
25. March 2018 - 7:30

Променливо облачно и врнежливо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. 

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната температура од нулата до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд. 

Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до осум степени. 

Во првите два дена од следната недела ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.