Loading Video...
Балкан
17. March 2019 - 16:07

Продолжуваат демонстрациите во Белград, по упадот во РТС, денеска блокада на зградата на претседателот

Сите што учествувале во синоќешните насилства  ке одговараат, порача српскиот престедател Вучиќ во денешното обракање по повод  упадот  во зградата на РТС.

Додека  Вучик и се обракаше на јавноста, антивладините демонстранти се обидоа да упаднат  во претседателската зграда. Дел од нив ја урнаа заштитната ограда, но обезбедувањето ги спречи да влезат .

Веднаш потоа дојде и до судир меѓу демонстрантите и полицијата која се обиде да ги запре да го донесат разгласот пред кацеларијата на претседателот. 

Беше употребен и солзавец, но  демонстрантите успеаја да го пробијат да го пробијат  полицискиот кордон  и да ја опколат зградата во која се наога Вучиќ.

Лидерите на опозицијата и насобраните грагани повторно побараа негова оставка, заканувајќи се дека нема да дозволат тој да излезе од палатата.

Ситуацијата деенска ескалираше откко всинока демонстрантите  , предводени од опозицијата,  упаднаа во зградата на државната телевизија, барајќи да се вклучат во живо во програмата и да и се обратат на јавноста. 

Тоа не се случи, а интервенираше полицијата која  употреби сила за да ги исфрли. 

Министерот за внатрешни работи најави прекршочни пријави за сите оние кои вечерта  го прекршиле законот. 

Претседателот Вучиќ денеска дообјасни дека полицијата ги идентификуваше сите напагачи во РТС, па дури и оној кој носел моторна пила , за што ќе одговараат пред законот. .