Loading Video...
Кошарка
27. September 2019 - 11:13

Приморска ја совлада Црвена Звезда во 1/4-финалето на АБА Супер купот

Како вовед во новата сезона на регионалната кошаркарска АБА лига, во Загреб се одржува Супер Купот. 
 
Актуелниот шампион во АБА лигата белградска Црвена Звезда е елиминирана уште на стартот на Супер купот. 
 
Црвено-белите беа непријатно изненадени во четвртфиналниот дуел со словенечкиот тим Копер Приморска, екипа која минатата година го освои првото место во АБА2 лигата со победата во финалето од плејофот против макеоднскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
 
Тимот на Приморска ја победи Црвена Звезда со 88-82 и се избори за полуфинале во кое за противник ќе ја има екипата на Партизан која беше подобра од Мега со 86-73.
 
Кој две екипи ќе играат во второто полуфинале ќе дознаеме вечерва по  четвртфиналните дуели меѓу Цедевита Олимпија и ФМП (од 17 часот) односно Будуќност и Цибона (од 20:30 часот). 
 
Официјално, новата сезона во АБА лигата започнува на 4 октомври, додека второлигашката конкуренција два дена порано. 
 
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром сезоната во АБА2 лигата ќе ја отвори пред домашната публика во „Јане Сандански“ која на 3 октомври ќе гостува Слобода Тузла (19.30 часот).