Премиер лига: Ивановиќ му донесе победа на Челзи

Екипата на Челзи успеа да стигне до победа во 32.коло откако пред своите навивачи го совлада Сандерленд со 2:1, иако на полувремето гостите водеа со 1:0.
 
Стрелец на решавачкиот гол за Челзи беше српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ, додека другите два гола беа автоголови: Килгалон постигна гол за Челзи, а Азпиликуета за Сандерленд.
 
На другите натпревари од 32.от круг во Премиер лигата одиграни денеска постигнати се следниве резултати: Ливерпул – Вест Хем 0:0, Тотенхем – Евертон 2:2, Њукасл – Фулам 1:0 и КПР – Виган 1:1.
 
На вчера одиграните натпревари: Норвич – Свонси 2:2, Стоук – Астон Вила 1:3, ВБА – Арсенал 1:2 и Рединг – Саутемптон 0:2.
 
Дербито на колото се игра утре (21 часот) меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. 
 
Табела: Манчестер Јунајтед 77 бодови, Манчестер Сити 62, Челзи 58, Тотенхем 58, Арсенал 56, Евертон 52, Ливерпил 49,...