Свет
26. November 2015 - 20:17

Прекинати врските меѓу руското МО и турската армија

Руското Министерство за одбрана и Армијата на Турција ја прекинаа соработката на „жешката линија“, отповикан е претставникот на руската военоморска флота, кој бил во Турција за координација на акциите на Црноморската флота и турските военоморски сили. Тоа го изјави денеска генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското МО.

- Денеска се прекинати сите активни канали за соработка меѓу руското МО и турската армија, изјави Конашенков.

Според него, тоа не се однесува само на т.н. жешка линија, создадена за спречување инциденти во воздух при уништувањето цели на Исламска држава во Сирија.