Loading Video...
Балкан
29. November 2017 - 16:32

Почина Слободан Праљак, откако испи отров во Хашкиот трибунал

Хашкиот осуденик  Слободан Праљак почина во болница  откако  пред трибуналот демонстративно испи шишенце со течност, за која беше кажано дека е отров.

Потегот на еден од шестмината босански Хрвати обвинети  за воени злостортва  врз мусламаните во БиХ во раните 90, уследи откако му беше потврдена казната затвор од 20 години.

Пред инцидентот, жалбениот совет  ја потврди казната од 25 години затвор за Јадранко Прлиќ, како и 20 години затвор за Бруно Соиќ. 

Засега не е соопштено кога  ќе биде  прочитана  пресудата и за останатите тројца.