Loading Video...
Кошарка
16. February 2018 - 18:19

По Работнички и Блокотехна во 1/2-финалето на Купот на Македонија

Екипите на Работнички, Блокотехна  се првите два тима кои обезбедија пласман во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.
 
Во дуелите од 1/4 финалето одиграни попладнево, Работнички очекувано го совлада Карпош Соколи со 103-49 па во полуфиналето кое ќе се игра утре од 17.30 часот Работнички за противник ќе го има победникот од мечот меѓу  Куманово – Гостивар кој се игра вечерва од 20:30 часот.
 
Тимот на Блокотехна со 110–88  го победи АВ Охрид, па гевгелиската екипа во утрешното второ полуфинале (од 20:30 часот) ќе игра со подобриот од четвртфиналниот меч меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и минатогодишниот финалист Фени Индустри.
 
За утре закажани се и полуфиналните дуели во женска конкуренција меѓу Вардар – Пелистер и Бадел – Струга. 
 
Финалните натпревари на програмата се во недела, и тоа, од 16 часот ќе се игра женското, а од 19 часот машкото финале.