Фудбал
18. March 2018 - 16:25

ПМФЛ: Скопје славеше победа во дуелот против Шкупи

 
Екипата на Скопје го совлада Шкупи со 2-0 во последниот меч од 24.коло на ПМФЛ. 
 
На натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Гостивар, гостите поведоа уште во 9.минута со голот на Дарио Десниќ, додека стрелец на вториотпогодок беше Досех Кови во 54.минута. 
 
И покрај победата и трите освоени бодови екипата на Скопје останува на дното на табелата со 20 бодови, но сега само два помалку од битолски Пелистер. 
 
Комплетни резултати и табела по одиграните средби од 24.коло
 
Недела 
ШКУПИ - СКОПЈЕ 0-2
сабота
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС 1-0
ВАРДАР – РЕНОВА 1-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 1-1
 
ТАБЕЛА: 
1. ШКЕНДИЈА 62 бодови, 
2. ВАРДАР 46, 
3. СИЛЕКС 36 (-1), 
4. ШКУПИ 29 , 
5. АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 29, 
6. РАБОТНИЧКИ 28, 
7. РЕНОВА 25, 
8. ПОБЕДА 25, 
9. ПЕЛИСТЕР 22 (-1), 
10. СКОПЈЕ 20