Фудбал
29. August 2015 - 18:57

ПМФЛ: Младост Ц.Д. го изненади Металург

Денеска се одиграа четири натпревари од 5.коло во ПМФЛ.
 
Изненадување приреди дебитантот во прволигашката конкуренција екипата на Младост Царев Двор која како гостин го совлада Металург на дуелот одигран на  стадион „Борис Трајковски’’ во скопската населба Маџари.
 
Гостински победи остварија и Вардар против Брегалница во Кочани, како и Шкендија на гостувањето кај Хоризонт Турново. 
 
Единствено немаше победник на натпреварот во Гостивар меѓу Ремова и Шкупи.
 
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Работнички – Силекс од 16.30 часот.
 
ПРВА ЛИГА - 5.коло
Сабота
Металург – Младост Ц.Д. 1:2
Брегалница – Вардар 0:2 
Хоризонт Т. – Шкендија 0:3
Ренова – Шкупи 1:1
Недела
Работнички - Силекс
 
Табела: 
  1. Вардар 13
  2. Шкендија 12
  3. Силекс 10 (-1)
  4. Шкупи 7
  5. Младост Ц.Д.  6 (-1)
  6. Хоризонт Турново 5
  7. Работнички  3 (-3)
  8. Брегалница 3
  9. Ренова 1 (-1)
  10. Металург  1