Џет-Сет
26. November 2015 - 20:24

Пејачката фатена како консумира кокаин?

Според пишувањата на медиумите, британската пејачка Шерил Кол наводно е фотографирана при консумирањето на кокаин.
 
Имено, таа присуствувала на модна ревија во Лондон и фотографирана е покрај лавабото во тоалетот, а на пултот покрај неа се наоѓаат три линии од бел прав. На социјалните мрежи, фотографијата ја постави еден новинар со коментарот „Тагата во нејзините очи“.
 
 Фотографијата набргу се прошири, но следуваше реакција од адвокатот на пејачката кој им забрани на медиумите да ја објавуваат. Новинарот кој ја објави фотографијата го избриша својот акаунт.
 
Шерил е противник на консумирањето дрога. Нема смисла да се става во ваков контекст – се наведува во соопштението на адвокатот на пејачката.