Македонија
10. February 2019 - 16:12

Опозицијата бара предвремени избори, власта тактизира, можна средба Заев-Ахмети

Владејачката СДСМ се уште тактизира со одлуката за предвремени парламентарни избори кои ги бара опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Иако премиерот Зоран Заев јкажа дека аргументите се на страната на реформите, наспроти партискиот предизвик за уште еден владин мандат, Извршниот одбор на партијата се уште не се состанува да ја донесе конечната одлука.

Иако се најавуваше седница за денеска, состанок не е закажан. Централниот одбор пред десетина дена го овласти Извршниот да ја донесе одлуката з аизбори, но не прецираш кога тоа да го направи.

Од друга страна, опозицијата не испушта прилика да ги посочи изборите како решение за, како што велат, погубните политики на Заев.

Нема се уште ни средба Заев –Ахмети иако лидерите на СДСМ и ДУИ по обновување на идејката за консензуален кандидат за претседателските избори, веќе закажани за 21 април.

Се уште се нема пријавено никој и на јавниот повик на СДСМ кој истекува на крајот од месецов. Се уште се споменуваат имињата на вицепремиерката Радмила Шеќеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

8-темина пак кои конкурираат за партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ се активни и на терен и на социјалните мрежи. Владимир Ѓорчев денеска ги обиколува Струмица, Дојран, Гевгелија, Кавадарци Градско. Професорката Силјановска исто е во обиколка на партиски општинските комитети. Филип Петровски пак, ја доби поддршката од Единствени за Македонија на Јанко Бачев.