Свет
26. November 2015 - 22:15

Оланд: Русија и Франција ќе ги координираат нападите врз ИД

Русија и Франција ќе ги координираат своите напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, соопшти вечерва во Москва францускиот претседател Франсоа Оланд по средбата со неговиот руски колега Владимир Путин.

Како што јави ДПА, Оланд изјави дека неговите разговори со Путин биле фокусирани и на политичката иднина на Сирија, при што го повтори францускиот став дека сирискиот претседател Башар ел Асад неможе да игра клучна улога во земјата во иднина.    

Путин од своја страна изјави дека со Оланд се договориле за зголемување на обемот на размена на информации и за зајакнување на конструктивната воена соработка, со цел да се избегнат инциденти и удвојување на операциите.

Рускиот претседател нагалси дека Русија е подготвена на соработка со сите сириски бунтовнички групи кои се борат против ИД.

Путин додаде дека Русија и Франција го споделуваат ставот дека треба да бидат пронајдени и казнети виновниицте за терористичките напади врз нивни цели, пред се одговорните за уривањето на рускиот патнички авион над Синај и за терористичките напади во Париз на 13 неомеври. 

 

- Тоа е наша заедничка трагедија и ние сме единствени во намерата да ги казниме виновниците, рече Путин, додавајќи дека разговорите за понатмошната сиработка ќе ги проодлжи со Оланд и за време на претстојниот самит за климата во Париз.

Путин иста така нгаласи дека „некои земји“ соработуваат со терористите и користат двојни стандарди за оставрување на своите политички цели со што си играат со огнот, додвајќи дека историјата покажала оти таквите активности порано или подозна ќе им се вратат како бумеранг.

За разлика од Оланд, Путин оцени дека Асад е искрен сојузник во борбата против ИД и дека за неговата судбина треба да реши сирискиот народ.

Од изјавите на Оланд и Путин останува нејасно дали координацијата на нападите портив ИД ќе се однесува само на Русија и Франција или со неа ќе бидат опфатени и останатите земји кои се дел од меѓународната коалиција за борба против џихадистите.

Русија досега настапуваше самостојно во нападите во Сирија, при што од Западот често беше обвинувана дека нејзина цел првенствено не се позициите на ИД, туку припадниците на „умерената опозиција“ што се борат против силите лојални на Асад, кој е клучниот сојузник на Москва на Блискиот Исток.

Посетата на Оланд на Москва доаѓа по уривањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство во вторникот и еден ден откако француското Национално собрание синоќа одобри продолжување на мисијата на француските авиони за напади врз цели на ИД во Сирија.