Кошарка
17. January 2018 - 22:30

Очекувана победа на МЗТ против подлмадените „Соколи“

  МЗТ Скопје Аеродром очекувано забележа победа над Карпош Соколи во заостанатиот меч од 12.коло во Првата македонска кошаркарска лига. 
 
На средбата одиграна попладнево, дуелот минатогодишните финалисти им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои со убедливи 41 поен разлика, односно 101-60  го совладаа подмладениот тим на Карпош Соколи. 
 
Младиот македонски репрезентативец Андреј Маслинко средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 34 поени и 12 скокови, додека Бојан Трајковски постигна 18 поени за победничкиот тим.
 
Со оваа победа, деветта во првенството, актуелниот шампион се искачи на третото место на табелата со 21 бод, еден помалку од второ пласираниот тим на Блокотехна (22), но дури пет помалку од непоразениот лидер Работнички, кој попладнево славеше на гостувањето кај Фени Индустри.