Бизнис
26. November 2015 - 20:27

Објавени бесплатните проекти за типски куќи

Објавен изгледот на типските куќи за кои државата нуди бесплатен проект. Сите заинтересирани од денеска во министергвотот за транспорт можат да го подогнат готовиот проект и да заштедат до 2000 евра. Има шест типа на куќи со големина од 60 до 180 квадратни метри. За добивање на проектот нема посебни услови кои треба да бидат исполнети. Може да аплицира секој кој сака и да се градат на било која локација во било кој град во земјава. Иако станува збор за типски куќи, тие можат се модофицираат.

-Тоа значи дека секој кој сака да гради куќа на пример од овој тип, ќе може од Министерството за транспорт да подигне готов проект и со него да поднесе одобрение за градење. Единствено инвеститорот ќе треба да изготви геодетски елаборат и постои можност да се направи корекција на основниот проект во зависност од сопствените желби и потреби на инвеститорот. Заштедите на граѓаните кои ќе ја користа оваа државна мерка се движат до 900 до 2000 евра., рече Владо Мисајловски- министер за транспорт и врски

Целта на субвенционирањето на вакви проекти не е да им се конкурира на проектанските куќи,  туку да им се помогне на граѓаните кои сакаат да заштедат во текот на градбата на својот дом. Се решава проблемот кои тие го  имаа при изработка на проект или архитектонско решение.

Поради големиот интерес , од министертвото  потенцираа дека во идина планираат да се зголеми бројот на проекти за типски куќи.