Фудбал
14. January 2018 - 17:14

Ново разочарување од Арсенал

Нов пораз на Арсенал, овојпат по елиминацијата од ФА купот и во домашното првенство. Топџиите загубија на гостувањето кај Борнемут со 2-1 во меч во кој го добија првото полувреме со 1-0 со погодокот на Белјерин
Во вториот дел домашните заиграа на една карта и најпрвин Вилсон во 70-тата минута најави пресврт а сето тоа го потврди Ејб само четири минути подоцна.
Тимот на Венгер на оваа средба настапи без Озил и Санчез.