Loading Video...
Ф1
21. September 2019 - 16:51

Нова пол-позиција за Леклерк

Чарлс Леклерк уште еднаш потврди дека е во одлична форма. Пилотот на Ферари ќе ја има пол-позицијата на утрешната 15-та трка во формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Сингапур. 
 
Тој во денешните квалификации на патеката  „Марина Беј“ оствари најбрзо време, со што по трет пат во низа, вклупно четврти сезонава, се избори за првото стартно место. 
 
Веднаш зад него ќе биде актуелниот светски првак Луси Хамилтон, а по ист редослед, Ферари па Мерцедес, од вториот стартен ред ќе започнат Себастијан фетел и Макс Верстапен. 
 
Во пресрет на трката, лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 284 бодови, пред Ботас со 221 кој утрешната трка ќе започне од петата позиција.