Loading Video...
Спорт плус
1. January 2018 - 18:34

Нов триумф на Штох на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“

 
 
Полскиот ски-скокач Камил Штох со скокови од 135,5 и 139,5 метри победи на денешното натпреварување на леталницата во германскиот ски центар Гармиш-Партенкирхен.
 
Ова е втора победа за Штох на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, кој триумфираше и на леталницата во Оберсдорф. 
 
И денеска како и во Оберсдорф второто место го освои Ричард Фрајтаг од Германија со скоковите од 132 и 137 метри, додека трет беше Андерс Фанемел од Норвешка 132,5 и 136,5. 
 
Во вкупниот пласман на турнејата лидер е Штох со 563,1 бод, пред Фрајтаг со 551,3 и сонародникот Давид Кубацки со 530,8.
 
Турнејата се сели во Австрија, а следна е летелницата во Инсбрук на 4-ти додека на 6-јануари во Бишесхофен ќе заврши 66-то издание на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“. 
 
Потсетување делка лани победник на турнејата беше токму Полјакот, Штох.