Loading Video...
Спорт плус
7. January 2018 - 17:07

Нов триумф на Хиршер во Аделбоден

Марсел Хиршер уште еднаш потврди дека во моментов е најдобриот светски скијач кога во прашање се техничките дисциплини. 
 
По триумфите во Загреб пред четири дена, Австриецот, вчера и денеска доминираше и на патеките во швајцарскиот ски-центар Аделбоден. Откако вчера победи во велеслаломската денеска Хиршер победнички ја заврши и слаломската трка. 
 
Тој за само 13.стотинки беше побрз од сонародникот Михаел Мат, додека трето пласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка заостана вкупно 16.стотинки по двете слаломски трки. 
 
За Хиршер ова беше вкупно седма победа сезонава, со која се зацврсти на врвот на табелата во севкупниот генерален поредок во Свескиот куп, сега со вкупно 774 бодови. Зад Австриецот се Норвежанецот, Кристоферсон (660 бодови), 
 
За Хиршер ова беше 52-та победа во кариерата и е на само две помалку од неговиот сонародник  Херман Мајер кој има 54 победи во кариерата, додека на првото место на вечната листа засега е неприкосновениот Швеѓанец,  Ингемар Стенмарк со 86 победи.