Македонија
14. April 2017 - 20:01

Христијаните го одбележуваат Велики Петок - Најтешкиот ден во годината

Велики петок е најтажниот ден во христијанството. Денот кога бил распнат на крст Исус Христос, меѓу народот познат и како распети петок. Во сите православни храмови се одржуваат свети спасоносни литургии, свештениците го читаа евангелието според Матеј кое ја опишува неделата на страдањата на Синот Божји. Во црквата св Петка во Црниче со литургијата чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ. По молитвата беше поставена плаштеницта која го симболизира христовиот гроб а на неа е прикажена и наметката во која било обвиткано мртвото тело на Исус Христос. Прв пред плаштеницата се поклони поглаварот а по него сите свештеници и верници.

Овој ден се одбележува со најстрог пост, на велики петок не се работи ништо, нема веселби  а верниците денот го посветуваат на одење во црква и молитва.

Со молитва за здравје верниците се поклонуваа пред плаштеницата и оставаа по едно црвено јајце.

Оваа година и православните, католиците и протестантите  го чествуваат најголемиот христијански празник на ист датум.  Празнувајќи го Христовото Воскресение Велигден, го празнуваме новиот човек во себе кој е зачнат со крштевањето и кој ги живее таинствата на Црквата порача монсињор Циримотиќ.

Вечерва во сите православни храмови и католички цркви се одржува и опело за спасителот. Сите верници кои постеле ќе можат да земат причест на утрешните утрински  литургии или пак по прогласувањето на христовото воскресение.