Македонија
8. January 2017 - 19:06

Груевски: Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена

Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за утрешен дневник.Ттој објаснува дека Доколку се почитуваат воспоставените принципи, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе ја состават идната влада. Доколку принципите се прекршат, се е можно.

Според Груевски, заедничката платформа за настап на албанските партии е обид да се наметне атмосфера дека овој пат Тие нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ..

- Да, повторно таа атмосфера како и во минатото и сега се создава од медиумите и лицата кои водат или припаѓаат или се соработници на НВО финасирани од Институтот отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок, затоа што на крајот на денот финалната одлука е наша, вели Груевски во интервјуото за Дневник..

Груевски потсетува дека гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не посакуваа коалиција со ДУИ во 2008ма но таа се случи. Сега пак и дел од медиумите ид ел од албанските политичари пласираат теза дека албанскиот електорат не посакува коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

- Во 2008мата година македонскиот електорат особено вмровскиот несакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што албанците во Макеоднија сакаа ДУИ да ги застапува вовладата.. Незнам дали така размислува членството на ДУИ, но знам како размилуваше членството на ВМРО-ДПМНЕ во 2008мата, па донекаде и во 2011тата, и 2014тата. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ тогаш се одлучи да коалицира со ДУИ, затоа што беше очигледно од изборите дека мнозинството граѓани албанци сакаат ДУИ да е во владата..

Во 2006-тата неможеше ни да биде поинаку кога не само што воопшто не се познававме туку сеуште беа свежи нашите спротиставености од времето на конфликтот во 2001вата, кога бевме на две спротивни завојувани страни. Сепак, и ние политичарите, но подоцна и нашите електорати најдовме сила да ги надминеме тие предизвици, вели Груевски.

Тој на прашање од Дневник дали во иднина не би коалицирале со Нив ако сега донесат одлука да не одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како партија која доби најмногу гласови и пратеници – вели:

- Мислев генерално дека секој си носи одлука самиот, но ако сакате ќе одговорам и на ова прашање. Ако сега, ДУИ отиде во коалиција со втората, наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи воспоставување на една нова пракса и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се прилагодиме, не само сега, туку и во иднина.

Значи сакате да кажете дека ако сега ДУИ не коалицира со Вас како победник, на следните избори ако победите нема да ги земете во владината коалиција.

Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандати по ред. И ќе бидеме без било каква обврска при составувањето на владата.

Во интервјуто за Дневник, Груевки вели дека ако групирањето на шестте албански партии во заедничка платформа е нова игра во политиката, само да потсетиме дека Ние континуирано сме 25 партии во коалиција со заедничка платформа..

Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега, вели Груевски..

На прашањето да ја коментира изјавата на Ахмети според која за него се најважни интересите на албанците и платформата од албански партии, Груевски вели:

- За мене најважни се интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и албанците. Инаку верувам дека се свесни дека во коалицијата со СДСМ, платформата која им ја составуваа, политички може да му помогне најмногу на СДСМ кај албанскиот електорат..

А зарем нема да им помогне на Албанците во Македонија?

- На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија,вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики , и се вработата илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и поквалитетен живот, ако порасната пензиит , платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната инфтаструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред, вели Груевски во интервјуто за утрешен Дневник..