Македонија
20. јуни 2016 - 10:51

Утре без струја дел од Центар

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Центар.

Во период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Партениј Зографски“, „Димитар Беловски“, „Драмска“, „Славејко Арсов“ и „Тасино Чешмиче“.