-->
-->
Кадриу: По укинатиот притвор на Јанева добивме СМС од Русковска
-->
Судијата Сафет Кадриу кој е портпарол на Апелацискиот суд во Скопје, а воедно и судија кој постапувал со советот за одлучување на мерката притвор за обвинетата Специјална обвинителка, Катица Јанева потврди дека второстепениот суд одржал колегуим по обвинувањата на обвинителката Вилма Русковска, но детали не соопшти. Судијата Кадриу во изјава за медиумите кратко се повика на тоа дека набрзо од судот ќе биде објавено официјално соопштение.
„Да, одржавме колегиум, но за тоа што се случувало ќе бидете информирани во соопштение кое набрзо ќе биде објавено на официјалната веб-страница на нашиот суд. Точно е и дека имаше смс порака од обвинителката, но ве молам бидете трпеливи додека да го објавиме соопштението“, рече судијата Кадриу.
За имињата на оние кои постапувале заедно со него за одлуката за мерката притвор Кадриу не сакаше да коментира, ниту пак одговори за тоа што било пресудно за да се преиначи мерката притвор во куќен притвор за Јанева.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар