Македонија
30. July 2019 - 16:39

Контроверзниот советник на ДУИ нападна универзитетски професор

Див приклучок на водоводната мрежа причина за нападот врз професорот Иљаз Иљази. Тој како претседател на советот на станари во зградата пријавил во Водовод дека имаат проблем со водата а екипите утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа веднаш потоа

Бил нападнат од советникот на ДУИ Нефи Усеини. Најнапред физички со тупаници го нападнал со уште едно лице а потоа му се заканил и со убиство по што случајот го пријавил во полициска станица. Иљази има 60 години и никогаш досега како што вели не се нашол во ваква ситуација.

Премиерот Заев истакна дека никој нема да биде заштитен бидејќи законот важи еднакво за сите  додека во делот на дивоградбите најави дека очекува општините да започнат со рушење  на диво изградените објекти.

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека денеска од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид  по инцидентот ,додавајќи дека  нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира дека не запира дивеењето на Усеини и побараа МВР и ЈО веднаш да постапат согласно законот.

Oд охридската полиција денеска преку соопштение потврдија дека вчера на улицата Стаеска бил нарушен  јавниот ред и мир со физички напад извршен од Усеини и уште едно лице врз 60 годишниот Иљази.Усеини бил  повикан во полициска станица каде бил  извршен   службен разговор и  против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку за само неколку месеци ова е трет напад во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата која ја гради советникот во Општина Охрид во о јуни пак, го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.