Македонија
8. March 2019 - 17:37

Струмица подготвена за уште едно карневалско „лудило“

Струмица влезе во карневалскиот ритам.  На помалку од 24 часа пред стартот на главната карневалска вечер во градот под Царевите кули се е во знакот на карневалот.  Најавата на најголемата забава под маски  ја направија  учениците од музичкото училиште Боро Џони кои подготвија  спектакуларен концерт под маски. На сцената се појавија рекорден број, 180 ученици.

И додека на повеќе локации во градот програмата веќе тече, а атмосферата се ближи кон нејзината кулуминација во карневалските работилници се привршуваат последните детали од новите маски. Во зависност од големината и бројот на учесници во една маска  се вложуваат од 100 до околу 5000 евра.

Вечерва се бираат карневалските принц и принцеза на традиционалниот бал под маски, а неколкумесечниот труд на струмички карневалџии ќе биде презентиран утревечер на главната поворка . најавено е учество на повеќе од 2000 маскирани лица од кои околу 500 ќе бидат гости од странство.

.be