Македонија
2. March 2019 - 12:21

Од Србија сакале да влезат во Македонија - приведени шестмина Кинези

На  01.03.2019 година во 11,10 часот  во реонот на  с.Лојане мото патрола од ПС за ГН-Сопот при обид за нелегално поминување на државната граница од  Република Србија кон Република Северна Македонија  затекнала шест лица  од Кина.

Лицата се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.