Loading Video...
Фудбал
23. February 2019 - 17:05

Барнли го изненади и победи Тотенхем

Екипата на Барнли направи големо изненадување победувајќи го Тотенхем со 2:1 во меч од 27. коло на англиската Премиер
 
Стрелци на головите за домаќините беа Крис Вуд (57.минута) и Ешли Барнс (83), додека голот за гостите го постигна Хари Кејн (65). 
 
Со овој пораз Тотенхем полека го губи чекорот со Манчестер Сити и Ливерпул во трката за титулата, екипи кои имаат по 5 бодови повеќе од лондонскиот клуб.  
 
Ливерпул пак утре во дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе има шанса да ја зголеми предноста и да избие сам на првото место на табелата.