Ракомет
23. February 2019 - 16:45

Тешко гостување за Еурофарм Работник кај Нексе

 
 
Вечерва својот трет меч во групната фаза во ЕХФ Купот го играат и ракометарите на Еурофарм Работник. 
 
Тие во дуел од Б групата гостуваат кај хрватскиот вице-првак Нексе во Нашице. 
 
По двата порази од германскиот Хановер и унгарската Татабања, и со нов тренер, составот од Битола се надева дека конечно ќе може да ги прокнижи првите бодови. 
 
Задачата нема да биде ни малку лесна бидејќи против себе имаат исклучително квалитетен противник кој во првите две средби забележа две победи. 
 
Дуелот Нексе - Еурофарм Работник ќе започне од 19:30 часот