Свет
2. January 2019 - 10:12

Хорор на новогодишната ноќ во Холандија: Традиционалното палење на клада тргна наопаку, една куќа изгоре, луѓето евакуирани

Во холандскиот град Шевенинген во текот на новогодишната ноќ изби голем пожар кога огнот од традиционалната клада почна неконтролирано да се шири.

Полицијата веднаш го евакуираше плоштадот зошто поради огнот се крена температурата и ги загрози гледачите. И тогаш по улиците почна да паѓа жар, кој предизвика повеќе помали пожари.

Пламенот во еден момент достигна висина од 48 метри. Во пожарот изгоре една куќа.

Огнот брзо се прошири, но на самото место брзо стигнаа многубројни противпожарни екипи.

Не е познато дали има повредени или мртви во инцидентот.