Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот
Одбележувањето на 11 декември-Денот на заштитниците на градот Струмица почнува со Света Божествена литургија во чест на Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во истоимената манастирската црква.
Главен настан е свечената седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе зборува градоначалникот Коста Јаневски, а ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело.
Празнувањето денес завршува со концерт на КУД„Тримери“, а утре продолжува со турнир во кошарка за основните училишта и изложба на Ликовната група „Пресек“ од Струмица.
Задутре одбележувањето на Денот на заштитниците продолжува со турнир во кошарка за средни училишта и промоција на книгата „50 години од смртта на Антон Панов“.
В петок во Народниот театар „Антон Панов“ ќе биде одиграна претставата „Петтиот чин“, а свеченостите по повод празникот на градот завршуваат в сабота со меѓународен одбојкарски натпревар за ветерани.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024