Македонија
10. October 2018 - 15:56

Нови тротоари на фрекфентни улици во Битола

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денеска изврши увид на градежните работи и изградбата на нови тротоари на фрекфентни улици во општината.

Станува збор за тротоари на булеварот „1. Мај“ и улицата „8. Септември“ во должина од околу 600 метри.

- Двете исклучително фрекфентни локации имаат опфат од 600 метри, а за нив општината издвои локални средства во висина од над еден милион денари со што ќе се уредат тротоарите на двете улици. Покрај овие активности, во полн ек се и останатите градежни работи кои до крајот на оваа градежна сезона ќе бидат завршени, истакна градоначалничката Петровска.

Таа најави дека во следните денови ќе има уредување и на одредени патишта и улици во руралните средини со поставување гребен асфалт, со што, вели, ќе се подобри инфраструктурата на територијата на цела општина.