Ракомет
13. April 2018 - 8:14

СЕХА: Јагањац ја доби наградата најдобар стрелец

Ракометарот на Металург и хрватски репрезентативец Халил Јагањац ја доби наградата најдобар стрелец во СЕХА лигата за тековната сезона (регуларен дел). Тој за Металург постигна 100 голови, а зад него останаа Бруно Буторац и Томаш Хрстка двајцата од Татран Прешов.

Наградата му ја врачи Синиша Остојиќ, извршниот директор на СЕХА лигата.