Ракомет
13. April 2018 - 7:46

Дибиров: Сакаме да ја одбраниме титулата пред нашите навивачи

Ракометарите на европскиот шампион Вардар, а  одбраната на титулата во СЕХА лигата ќе ја имаат на домашен терен во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

- Очекувам голем спектакл затоа што секоја година Ф4 турнирот е се подобро организиран. Ние сакавме од почетокот на годината овој турнир да биде во Скопје, сакаме пред нашите навивачи да покажеме дека сме подготвени да ја одбраниме титулата. Секој натпревар ќе биде тежок, но ние имаме голема самодоверба особено во Скопје, каде имаме помош и од навивачите. Тоа е и нашата предност, изјави левото крило на Вардар Тимур Дибиров за официјалниот сајт на СЕХА лигата.
Вардар во полуфиналето попладнево од 17:45 часот ќе игра против Мешков Брест, додека во второто полуфинале од 20:15 часот играат Загреб и Цеље.