Свет
15. January 2018 - 9:22

Несреќа во Индонезија: Се урна меѓукат на берзата, 28 повредени

Се урна меѓукат при што се повредени 28 лица во зградата на индонезиската берза.

Портпаролката на болницата во индонезиската престолнина Џакарта, соопшти дека во болница има 28 лица, но и дека се проценува сериозноста на нивните повреди, јавува АП.

Портпаролот на државната полиција на Индонезија рече дека причината за уривањето на меѓукатот не е бомба.

Исламските екстремисти извршија бомбашки напад на една од двете кули на индонезиската берза во септември 2000 година.

Шефот на берзата им соопшти на новинарите дека системот на берзата не е спречен од падот на меѓукатот, и дека сите членови на берзата се безбедни.

Додаде дека берзата ќе продолжи да работи без прекини.