Loading Video...
Балкан
21. February 2019 - 16:46
Непристојни коментари и навреди за премиерката Брнабиќ, откако нејзината партнерка роди син
Српскиот претседател Вучиќ ги осуди непристојните коментари и навреди на социјалните мрежи упатени од грагани но и од политичари кон премиерката Брнабиќ и нејзината партнерка која вчера роди син. Тоа е примитивизам.
Вака нема да напредуваме рече Вучик. Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ се во врска околу 10 години.
На синот му го дале името Игор. Инаку Ана Брнабиќ е првата жена и прва геј личност во историјата на Србија на местото премиер.
Пренесувајќи ја веста , Би БиСи потсети дека Србија не признава истополви бракови и забранува истополови двојки да посвојуваат деца.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->