Кошарка
18. March 2018 - 10:38

НБА: Серија од 12 победи на Портланд

Со триумфот над  Детроит од 100:87 кошаркарите на Портланд ја продолжија извонредната серија во НБА лигата.

Блејзерси  се во серија од 12 победи и со скор од 43 победи и 25 порази е трет на Западот, веднаш зад Хјустон и Голден Стејт.

Демијан Лилард го предводеше тимот до победата над Детроит со 24 поени, 8 скока и 7 асистенции. На спротивната страна Андре Драмонд запиша „дабл-дабл“ од 18 поени и 22 скока.
https://